Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека војната во Газа е завршена, најавувајќи почеток на нова ера на мирот на Блискиот исток. Авионот на Трамп слета во Израел непосредно откако Хамас ги ослободи првите седум живи заложници и ги врати на израелските власти.

На пистата Трамп го дочекаа израелскиот премиер Нетанјаху, неговата ќерка Иванка и зетот Џерод Кушнер, како и специјалниот американски пратеник за Блискиот исток Стив Виткоф, пренесе Њујорк пост.

Трамп изјави дека верува оти оваа спогодба може да биде најголемата работа што ја постигнал во неговиот живот.

Според планот на САД и Египет од 20 точки во наредните фази по враќањето на заложниците се предвидува разоружување на Хамас, а со енклавата би управувало технкратско тело со поддршка на меѓународната заедница.

 

Слични новости

Над илјада мртви во разорна тропска бура во Азија

Над илјада мртви во разорна тропска бура во Азија

Спасувачките екипи од Индонезија, Тајланд, Малезија и Шри Ланка работат напорно за расчистување на патиштата и доставување помош до луѓето погодени од тропската бура која одзеде повеќе од илјада животи во Југоисточна и Јужна Азија