Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека американски официјални претставници се упатуваат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и за патот кон мировните преговори.
Трамп рече дека сега е редот на Русија откако Украина се согласи на прекин на огнот во вторникот за време на состанокот со американските претставници во Саудиска Арабија кој траеше повеќе од осум часа.

„Се надевам дека можеме да добиеме прекин на огнот од Русија. Добив неколку позитивни пораки, но позитивна порака не значи ништо. Ова е многу сериозна ситуација“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
Кремљ во средата објави дека очекува детали од Вашингтон за прекин на огнот во Украина, а високи извори во Москва велат дека секој можен договор ќе мора да ја земе предвид загриженоста на Русија.
Американскиот претседател рече дека прекинот на огнот ќе има смисла за Русија, но додаде дека тоа има и „многу недостатоци за Русија“, без да наведе детали.
„Многу сложената ситуација од една страна ја решивме, главно ја решивме. Разговаравме и за територија и други работи што одат заедно со тоа. Знаеме за кои области зборуваме, било да зборуваме за повлекување или останување“, рече Трамп.
Запрашан дали би направил нешто за да изврши притисок врз Русија, Трамп рече: „Можам да ги правам работите финансиски, тоа би било многу лошо за Русија. Не сакам да го правам тоа затоа што сакам да постигнам мир“.
Слични новости
Путин го поддржува предлогот на САД за Украина, но вели дека треба да се разговара за деталите
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека Русија се согласува со предлозите на Соединетите држави за прекин на огнот во Украина, но нагласи дека треба да се отстранат основните причини за конфликтот и да се разјаснат многу детали
Ереван и Баку се договорија за мировен договор по речиси четири децении конфликт
Ерменските и азербејџанските власти во четвртокот соопштија дека се договориле за текстот на мировниот договор за ставање крај на речиси четиридеценискиот конфликт меѓу земјите од јужен Кавка
Захарова: Испраќањето европски сили во Украина ќе го сметаме за директен вооружен конфликт со Русија
Русија предупреди во четвртокот дека испраќањето европски мировни сили во Украина ќе го смета за вовлекување на земјите-учеснички во „директен вооружен конфликт“ со Москва