Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникoти го тужеше британскиот редиодифузер BBC за клевета поради изменети извадоци од говори поради коишто се чини дека ги упатил своите поддржувачи да упадната во американскиот Капитол, отворајќи меѓународно бојно поле во борбата против медиумските извештаи што ги смета за невистинит или неправедно.

Трамп го обвини британскиот јавен радиодифузер за клевета со комбинирање делови од говор од 6 јануари 2021 година, во кој им рече на поддржувачите да маршираат кон Капитол, и друг во кој рече „борете се до крај“. Делот во кој повика на мирни протести беше изоставен.

Во тужбата на Трамп се тврди дека BBC го клеветила и го прекршила законот на американската сојузна држава Флорида што забранува измамнички и неправедни трговски практики. Тој бара 5 милијарди долари отштета за секое од двете точки на обвинението. BBC му се извини на Трамп, ја призна својата грешка во проценката и призна дека монтираниот инсерт оставил погрешен впечаток дека тој директно повикува на насилни дејствија. Но, нема правна основа за тужбата, велат од BBC.

Портпаролот на правниот тим на Трамп изјави во соопштение дека BBC „има долга историја на заведување на својата публика во известувањето за претседателот Трамп, сè во служба на сопствената левичарска политичка агенда“.

Контроверзноста околу прилогот, кој беше емитуван во документарната програма „Panorama“ на BBC очигледно тенденциозно непосредно пред претседателските избори во 2024 година, предизвика криза и доведе до оставки на двајцата највископозиционирани луѓе во BBC.

Адвокатите на Трамп велат дека BBC му предизвикала огромна штета на угледот и финансиска штета. Документарецот, инаку, не бил емитуван во Соединетите држави.

Трамп ќе мора да докаже не само дека монтажата била лажна и клеветничка, туку и дека BBC свесно ги заведувала гледачите или дејствувала неодговорно, според Reuters. Емитувачот може да тврди дека документарецот е фактички и дека одлуките за монтажа не создале лажен впечаток, велат правните експерти консултирани од агенцијата.

Други медиуми претходно се договориле со Трамп, вклучувајќи ги станиците CBS и ABC.

BBC се финансира со задолжителна претплата за сите телевизиски гледачи, поради што, според британските адвокати, евентуалното плаќање на Трамп би можело да биде политички предизвикувачко.

Целта на нападот врз американскиот Капитол во јануари 2021 година беше да се спречи Конгресот да ја потврди претседателската победа на Џо Бајден над Трамп на изборите во 2020 година, за што огромен број републиканци и поддржувачи на Трамп и денес тврдат дека биле лажирани во полза на кандидаот на демократите.

globe

Слични новости

Темна статистика на Блискиот исток: саудиска Арабија погуби 340 луѓе во 2025

Темна статистика на Блискиот исток: саудиска Арабија погуби 340 луѓе во 2025

Саудиска Арабија за време на 2025 постави нов неславен рекорд според бројот на извршени смртни казни, погубувајќи 340 луѓе, пренесе агенцијата Франс прес, повикувајќи се на официјални извештаи на садуските власти.

Европски лидери: Мировници предводени од Европа да бидат вклучени во гаранциите за Украина

Европски лидери: Мировници предводени од Европа да бидат вклучени во гаранциите за Украина

Одлуките за потенцијални украински територијални отстапки можат да ги донесат само народот на Украина и само откако ќе бидат воспоставени силни безбедносни гаранции, кои треба да вклучуваат мултинационални сили предводени од Европа, изјавија европските лидери во заедничка изјава по состанокот во Берлин во понеделник.