Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Тајван да не прогласува формално независност од Кина.

Си ја искористи можноста да упати директно предупредување до Трамп на негова домашна територија во врска со Тајван. „Прашањето за Тајван е најважното прашање во односите меѓу Кина и САД“, предупреди Си, според кинеските државни медиуми. „Доколку ова прашање не се реши правилно, двете земји би можеле да завршат во конфликт“.

Пекинг јасно стави до знаење дека сака позитивен однос, но само ако САД го почитуваат она што Кина го смета за своја „црвена линија“.

Како одговор, Доналд Трамп го предупреди Тајван да не прогласува формална независност од Кина, објави Би-Би-Си. „Не сакаме војни и ако се одржи статус квото, мислам дека Кина ќе биде согласна со тоа. Но, не сакаме никој да каже: „Ајде да бидеме независни затоа што САД нè поддржуваат“.

 

Слични новости

Иран и Оман за време на примирјето ќе наплатуваат такса за минување низ Ормутскиот теснец

Иран и Оман за време на примирјето ќе наплатуваат такса за минување низ Ормутскиот теснец

Двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран предводува Иран и Оман да може да наплатуваат такса на бродовите кои минуваат низ Ормусткиот теснец, изјави регионален службеник кој беше вклучен во преговорите.