Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, викендов ќе отпатува за Германија на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, како дел од новата рунда разговори на високо ниво за завршување на војната.
Виткоф, кој ги предводи обидите на Белата куќа за посредување меѓу Украина и Русија, во Берлин ќе ја разгледа најновата верзија на предложениот мировен договор. Администрацијата на Трамп притиска договорот да биде постигнат до Божиќ и веќе одржа неколку рунди разговори со украински и руски претставници, иако засега нема знаци дека е можен брз пробив.
Иако сè уште не е официјално потврдено кои европски лидери ќе присуствуваат на разговорите, „Волстрит џурнал“ објави дека на средбата ќе учествуваат британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Потврдата за средбата меѓу Виткоф и Зеленски следува откако Украина им ја предаде на САД ревидираната верзија на мировниот план од 20 точки. Најтешкото прашање во преговорите останува судбината на териториите во источна Украина.
Киев одбива да отстапи територија која е нелегално окупирана, додека Москва повторува дека има намера со сила да го преземе целиот регион Донбас доколку Украина не се повлече.
Слични новости
Во понеделник продолжуваат преговорите за Украина во Берлин
Разговорите во Берлин за предлозите за прекин на војната во Украина меѓу Володимир Зеленски и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер завршија во недела навечер по повеќе од пет часа и ќе продолжат во понеделник, соопшти претствник на Киев
Бројот жртви во пукањето на плажата Бонди се искачи на 16
Бројот на жртвите од пукањето во неделата на прославата на еврејскиот празник на култната плажа Бонди во австралиски Сиднеј се искачи на 16, соопшти полицијата, додавајќи дека татко и син стојат зад нападот
Нетанјаху го обвинува австралискиот премиер за поттикнување антисемитизам
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди пукањето што се случи во неделата на прославата на еврејскиот празник Ханука во Сиднеј, велејќи дека го предупредил својот австралиски колега дека поддршката на земјата за палестинската државност ќе поттикне антисемитизам


