Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, викендов ќе отпатува за Германија на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, како дел од новата рунда разговори на високо ниво за завршување на војната.
Виткоф, кој ги предводи обидите на Белата куќа за посредување меѓу Украина и Русија, во Берлин ќе ја разгледа најновата верзија на предложениот мировен договор. Администрацијата на Трамп притиска договорот да биде постигнат до Божиќ и веќе одржа неколку рунди разговори со украински и руски претставници, иако засега нема знаци дека е можен брз пробив.
Иако сè уште не е официјално потврдено кои европски лидери ќе присуствуваат на разговорите, „Волстрит џурнал“ објави дека на средбата ќе учествуваат британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Потврдата за средбата меѓу Виткоф и Зеленски следува откако Украина им ја предаде на САД ревидираната верзија на мировниот план од 20 точки. Најтешкото прашање во преговорите останува судбината на териториите во источна Украина.
Киев одбива да отстапи територија која е нелегално окупирана, додека Москва повторува дека има намера со сила да го преземе целиот регион Донбас доколку Украина не се повлече.
Слични новости
Најдобрите филмови на Роб Реинер
Негов најдобар филм се смета трилерот „ Неколку добри луѓе“ од 1992, со Том Круз, кој доби 4 номинации за оскар, а критиката ги смета сцените со Џек Николсон во судницата за едни од најдобрите во неговата кариера.
ЕУ ќе стави на црната листа уште 40 танкери на Русија
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за новите санкции против Русија, вклучително и ставање на црната листа на 40 танкери за кои се тврди дека превезуваат руска нафта, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешни работи, Каја Калас
Мерц го спореди Путин со Хитлер и смета дека „нема да застане на Украина“
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во саботата вечерта направи остра паралела помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и Адолф Хитлер, предупредувајќи дека амбициите на Кремљ нема да застанат на Украина, пишува Политик


