Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, викендов ќе отпатува за Германија на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, како дел од новата рунда разговори на високо ниво за завршување на војната.

Виткоф, кој ги предводи обидите на Белата куќа за посредување меѓу Украина и Русија, во Берлин ќе ја разгледа најновата верзија на предложениот мировен договор. Администрацијата на Трамп притиска договорот да биде постигнат до Божиќ и веќе одржа неколку рунди разговори со украински и руски претставници, иако засега нема знаци дека е можен брз пробив.

Иако сè уште не е официјално потврдено кои европски лидери ќе присуствуваат на разговорите, „Волстрит џурнал“ објави дека на средбата ќе учествуваат британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Потврдата за средбата меѓу Виткоф и Зеленски следува откако Украина им ја предаде на САД ревидираната верзија на мировниот план од 20 точки. Најтешкото прашање во преговорите останува судбината на териториите во источна Украина.

Киев одбива да отстапи територија која е нелегално окупирана, додека Москва повторува дека има намера со сила да го преземе целиот регион Донбас доколку Украина не се повлече.

 

Слични новости

Масовни руски напади врз Одеса и украинската инфраструктура, илјадници без струја

Масовни руски напади врз Одеса и украинската инфраструктура, илјадници без струја

Русија изврши масовен воздушен напад врз украинскиот град Одеса и други региони, при што беа погодени енергетската и пристанишната инфраструктура, а избувна и пожар на цивилен брод во Црното Море.

Филипче со коалициските партнери – огромна e опасностa мигранти да доаѓаат во Македонија

Филипче со коалициските партнери – огромна e опасностa мигранти да доаѓаат во Македонија

Претседателот на СДСМ Венко Филипче по денешната средба со коалиционите партнери изјави дека сите се согласиле дека е огромна опасност мигранти да доаѓаат во Македонија и сите ја поддржале резолуцијата за прекинување на овој план.