Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран нема да може да постигне договор со САД доколку во него не биде опфатено и прашањето на нуклеарната програма.

Трамп на својата мрежа „Truth social“ остро го критикуваше Техеран, тврдејќи дека иранските власти не се подготвени да прифатат спогодба која би го исклучувала развојот на нуклеарното оружје.

„Иран не може да се собере. Не знаат како да ја потпишат нуклеарната спогодба. Би било добро наскоро да се опаметат“, порача американскиот претседател. Со неговата објава тој прикажа и илустрација на која е прикажан со оружје, со експлозии во позадината.

Пораката уследува кога преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се во застој, а администрацијата во Белата куќа разгледува продолжување на поморската блокада врз Иран и подготовки за долга блокада на иранските пристаништа шти би требало да го исцрпи Иран.   

 

 

Слични новости

Иран не испрати преговарачи во Пакистан: „Не разговараме под закани“

Иран не испрати преговарачи во Пакистан: „Не разговараме под закани“

Иранската државна телевизија објави дека делегацијата на Иран не отпатувала во Пакистан на мировни преговори со САД, негирајќи ги извештаите на меѓународните медиуми за заминувањето на иранските претставници во Исламабад и закажаните датуми на разговорите меѓу САД и Иран.