Американски функционер тврди дека Доналд Трамп не е задоволен од предлогот на Иран за прекин на војната, бидејќи не го опфаќа клучното прашање за нуклеарната програма.

Според Вашингтон, токму ова прашање мора да биде во центарот на преговорите од самиот почеток. И покрај посредничките напори на Пакистан, разликите меѓу двете страни остануваат длабоки, а преговорите се во застој.

Дополнителен удар за дипломатските напори беше одлуката на Трамп да ја откаже посетата на специјалниот пратеник Стив Витков и советникот Џерад Кушнер на Исламабад, каде требаше да се одржи нова рунда разговори. Овој потег ги намали надежите за брз напредок кон решение на кризата.

 

Слични новости

Европа ги проширува воено-безбедносните планови на Арктикот

Европските политичари се обидуваат да испратат сигнал до Вашингтон дека се способни самостојно да придонесат за заштита на американските интереси во поларниот регион, без да напаравт отстапки по прашањето на Гренланд.