Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор без избори“, откако тој оцени дека Трамп бил под влијание на руски дезинформации во неговите напори да стави крај на руско-украинската војна, но под услови за кои Киев вели дека се премногу поволни за Русија.
„Да размислиме; умерено успешниот комичар Володимир Зеленски ги убеди САД да инвестираат 350 милијарди долари во војна што не може да се добие и која никогаш не требаше да почне, војна што тој никогаш не може да ја смири без САД и ТРАМП“, напиша американскиот претседател, кој своето име го напиша со сите големи букви.
Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека Зеленски е „диктатор без избори“.
Реакцијата на Трамп е реплика на синоќашната изјава на украинскиот претседател кој рече дека „Трамп живее во дезинформациски меур“ со тоа што смета дека може да издејствува мир во Украина преку директни преговори со Москва, заобиколувајќи ги Украина и Европа.
„Зеленски треба да реагира брзо или ќе остане без својата земја“, напиша Трамп.

Во подолгата објава го нарече Зеленски „диктатор“ и додаде:„ Ја сакам Украина, но она што Зеленски го сработи е ужасно, неговата земја е скршена, и милиони загинаа непотребно“. Додаде дека САД работат на „успешни преговори за завршување на војната со Русија“.
Трамп ја насочи својата критика и кон Европа, истакнувајќи дека војната во Украина „е многу поважна за Европа отколку нам“. „Имаме голем убав океан кој нѐ разделува“, посочи американскио претседател и додаде дека Европа не успеала да донесе мир во регионот.
Откако Русија ја започна инвазијата во Украина во февруари 2022 година, земјата ги одложува своите избори кои требаше да се одржат во април 2024 година.
Зеленски и во средата го обвини Трамп дека живее во руски „простор за дезинформации“. Трамп, пак, го обвини Зеленски дека ја злоупотребил американската помош за украинските воени напори и дека ја искористил администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.
Размената на остри зборови меѓу Трамп и Зеленски дојде откако високи претставници од администрацијата на Трамп и Русија се сретнаа вчера во Ријад и, покрај другите договори, се согласија да се формираат тимови за преговори и за прекинување на руско-украинскиот конфликт. Сепак, украинските и европските претставници не беа вклучени во овие разговори и покрај инсистирањето на Зеленски на тоа.
Трамп, кој во кампањата вети дека војната ќе заврши брзо, го повтори својот став дека Зеленски требаше уште претходно да преговара за мир и му рече дека „подобро да дејствува брзо, или нема да му остане ништо од земјата“.
„Во меѓувреме, ние сме успешни во преговорите за завршување на војната со Русија, нешто што сите го признаваат дека можат да го направат само ТРАМП и администрацијата на Трамп. Бајден никогаш не се обиде. Европа не успеа да донесе мир, а Зеленски веројатно сака да го продолжи овој „брз воз до лесни пари“, напиша американскиот претседател.
Брзо по објавата на Трамп реагираше украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха кој на Х напиша дека никој не може да ја натера неговата земја да се откаже од своите права.
„Ќе го браниме нашето право да постоиме“, напиша Сибиха на X. „Украина го издржа најужасниот воен напад во модерната историја на Европа и три години тотална војна. Украинскиот народ и неговиот претседател Зеленски одби да попушти пред притисокот на Путин“, додаде Сибиха.
Слични новости
ЕК инвестира стотици милијарди евра во одбраната
Европската комисија во средата претстави одбранбен пакет вреден стотици милијарди евра кој треба да одговори на итните потреби на Украина и на долгорочната потреба за зајакнување на безбедноста и одбраната на земјите од Европската унија
Трамп по телфонскиот разговор со Зеленски: „На добар пат сме“
Русија и Украина се обвинија меѓусебно во средата за прекршување на договорот за прекин на нападите врз енергетска инфраструктура, неколку часа откако на тоа се согласија рускиот и американскиот претседател кој исто така разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата и извести за одреден напредок
Во новите израелски воени напади убиени 20 луѓе во Газа
Израелската војска уби најмалку 20 Палестинци во воздушните напади во Газа во средата, соопштија медицинските лица, и продолжила со бомбардирањето, издавајќи наредби на жителите да се евакуираат од борбените зони