Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека го избрал познатиот лекар Мехмет Оз да ја води огромната американска програма за јавно здравствено осигурување – сојузната агенција Центар за услугите Медикер и Медикејд услуги (CMS).

Оз, познат како „Др. Оз“, неуспешно се кандидираше за Сенатот на САД во 2022 година. Трамп, кој го поддржа во таа трка, рече дека сега тесно ќе соработува со Роберт Ф. Кенеди Јуниор, кого го избра да биде министе за здравство и созцијална гражи.

Новоизбраниот претседател вели дека двајцата ќе се справат со „индустрискиот комплекс на болести и сите ужасни хронични болести кои останаа зад него“, како и да стават крај на „расипништвото и измамите“ во фармацевтскиот сектор и здравствениот систем.

„Нашиот расипан здравствен систем ги повредува обичните Американци и го троши буџетот на нашата нација“, рече Трамп во изјавата, додавајќи дека Оз ќе биде лидер во „промовирање на превенција од болестите“.

Овој 64-годишен хирург е познат како ѕвезда на малите екрани. Повеќе од десет години имаше своја емисија „Dr. Oz Show” која го прослави.                                         

Но, неговите здравствени препораки предизвикуваа критики од некои од колегите, а тој беше обвинет и за промовирање наводно неефикасни или потенцијално опасни третмани или додатоци во исхраната, особено во врска со ковид-19.                              

globe

Слични новости

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој

Путин е подготвен да преговара за мир во Украина со Трамп, според извори

Путин е подготвен да преговара за мир во Украина со Трамп, според извори

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара за примирје во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но ја отфрла можноста за територијални отстапки и нагласува дека Киев мора да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО, изјавија пет извори за Reuters