Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите се споредува со Бразил.

„Во првиот круг од претседателските избори во Бразил гласаа 125 милиони граѓани. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на гласачките места – на истиот ден!

Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и бројни други американски градови и федерални држави, за да се утврдат резултатите, со значително помал број гласови, честопати се потребни недели за да се „поправат“, односно да се пресметаат.

Гласањето во Америка е корумпирано„напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth.

Трамп во минатото обвинуваше за лажирање на резултатот претседателските избори во некои американски клучни сојузни држави кога ги загуби претседателските избори од Џо Бајден.

 

Слични новости

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.