Белата куќа во вторникот наложи привремено суспендирање на сите федерални заеми и бесповратни средства, далекусежна одлука за која критичарите велат дека може негативно да влијае на програмите за образование и здравје, помош за домување, помош при катастрофи и бројни други иницијативи кои зависат од федералните пари.

Канцеларијата за управа и буџет на Белата куќа, која го надгледува федералниот буџет, во меморандум во понеделникот наведе дека исплатите ќе бидат привремено запрени додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не изврши преглед на распределбите на грантови и заеми за да се осигура дека тие се усогласени со приоритетите на претседателот, вклучително и извршните наредби што беа потпишани минатата седмица со кои се елиминирани програмите за промовирање на различноста, еднаквоста и инклузијата (DEI).

Метју Вет, вршител на должноста директор на канцеларијата, рече дека користењето федерални средства за политики што се спротивни на агендата на претседателот е „трошење пари на даночните обврзници што не го подобрува секојдневниот живот на оние на кои им служат“.

Во меморандумот се наведува дека одлуката меѓу другите категории се однесува на пари наменети за „странска помош“ и за „невладини организации“.

Белата куќа нагласи дека паузата нема да влијае на социјалното осигурување и Медикер или „помошта што поединците директно ја добиваат“. Ова веројатно значи дека помошта за храна за сиромашните и бенефициите за попреченост се изземени, иако не е јасно дали ќе бидат засегнати здравствените програми за ветераните и луѓето со ниски приходи, пишува Reuters.

Во меморандумот се наведува дека федералната влада потрошила речиси 10 милијарди долари во фискалната 2024 година, од кои повеќе од 3 милијарди долари биле наменети за финансиска помош во форма на заеми и бесповратни средства.

globe

Слични новости

Водачот на операцијата за соборување на Асад прогласен за привремен претседател на Сирија

Водачот на операцијата за соборување на Асад прогласен за привремен претседател на Сирија

Поранешниот неофицијален лидер на сунитските исламистички бунтовници во Сирија, Ахмед ал-Шара, беше прогласен за шеф на државата во преодната фаза на власта во средата, со овластување да формира нов законодавен совет