Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го продолжува рокот на американските санкции против Русија за една година.

На денешниот брифинг за новинарите во Белата куќа Трамп рече дека „дејствата и политиките споменати во овие укази и понатаму претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.
Првично, санкциите што ги продолжи Трамп беа воведени како одговор на дејствијата на Русија во Украина во 2014 година. Во наредните години, ограничувањата беа проширувани, опфаќајќи сè повеќе лица и организации кои ја поддржуваа руската политика во регионот. Администрацијата на Трамп во 2018 година воведе нови санкции како дел од заострувањето на притисокот врз Москва, а по почетокот на руската сеопфатна инвазија на Украина во 2022 година, претседателот Бајден дополнително го прошири списокот на санкции.
Слични новости
На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио
Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7, планиран да се одржи во четврток во Канада, нема да се разговара за „преземањето на Канада“ од страна на САД, како што повеќепати споменуваше американскиот претседател Доналд Трамп
Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски
Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави во средата украинскиот претседател Володимир Зеленски, ден откако во саудиска Џеда неговите претставници го прифатија американскиот предлог за триесетдневно примирје во војната со Русија
Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки
Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада