Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го продолжува рокот на американските санкции против Русија за една година.

Ограничувањата беа воведувани постепено започнувајќи од претседателот Барак Обама во 2014 година, па неговиот наследник Доналд Трамп во 2018 година и следниот претседател на САД, Џо Бајден, во 2022 година.

На денешниот брифинг за новинарите во Белата куќа Трамп рече дека „дејствата и политиките споменати во овие укази и понатаму претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.

Првично, санкциите што ги продолжи Трамп беа воведени како одговор на дејствијата на Русија во Украина во 2014 година. Во наредните години, ограничувањата беа проширувани, опфаќајќи сè повеќе лица и организации кои ја поддржуваа руската политика во регионот. Администрацијата на Трамп во 2018 година воведе нови санкции како дел од заострувањето на притисокот врз Москва, а по почетокот на руската сеопфатна инвазија на Украина во 2022 година, претседателот Бајден дополнително го прошири списокот на санкции.

 

Трамп вчера даде до знаење дека санкциите против Русија ќе останат во сила сè додека не се постигне мир во Украина. Тој нагласи дека нивното можно ублажување може да се разгледа само по крајот на борбените дејствија. Покрај тоа, американскиот претседател изјави дека во рамките на преговорите за завршување на конфликтот, Вашингтон ќе се залага дел од териториите под руска окупација да му се вратат на Киев. Во јануари, Трамп остави можност за воведување дополнителни санкции доколку Москва одбие да учествува во преговори за решавање на конфликтот.
globe

Слични новости

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада ќе им воведе на САД царини во вредност од 29,8 милијарди канадски долари почнувајќи од четврток наутро како одговор на царините што ги воведе Вашингтон за челик и алуминиум, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк

Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина

Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека американски официјални претставници се упатуваат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и за патот кон мировните преговори

На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио

На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио

Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7, планиран да се одржи во четврток во Канада, нема да се разговара за „преземањето на Канада“ од страна на САД, како што повеќепати споменуваше американскиот претседател Доналд Трамп