Американскиот претседател Доналд Трамп досега ги повлече САД од вкупно 66 меѓународни организации и тела од кои 31 се поврзани со Обединетите нации, а 35 се надвор од тој систем.

Одлуките на Трамп се образложени од Белата куќа дека „голем дел од тие институции дејствуваат спротивно на националните интереси, безбедноста, економскиот просперитет и суверенитетот на САД“. Како области, притоа, се издвојуваат климатските политики, човековите права и родовата еднаквост.

Доналд Трамп јасно порача дека мерките имаат за цел да се прекине финансирањето од американските даночни обврзници и учеството во тела кои, како што рече, промовираат „глобалистички агенди“ наместо приоритетите на САД.

Тој додаде дека станува збор за институции кои или неефикасно се справуваат со важни прашања или не ги користат средствата на најефикасен начин, поради што, според него, американските пари треба да се пренасочат кон други цели со цел поддршка на „релевантни мисии“.

Трамп најави нови одлуки за повлекувања на САД од меѓународни организации и тела во текот на летниот период.

Слични новости

Доналд Трамп во посета на Кина и средба со Си Џинпинг

Доналд Трамп во посета на Кина и средба со Си Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп треба да пристигне во Пекинг денеска на неговиот долгоочекуван самит со кинескиот лидер Си Џинпинг во момент кога светот е загрижен за војната, трговијата и вештачката интелигенција.

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок

Според најновите проценки на Светската здравствена организација, опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.