Откако во неделата навечер по локално време во Лос Анџелес избувнаа судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите против имиграциската политика на американскиот претседател, Доналд Трамп ги опиша протестите како „бунт“ и рече дека е подготвен да ја испрати Националната гарда и на други места во земјата доколку е потребно.

Десетици демонстранти блокираа автопат во калифорниската метропола повеќе од еден час во неделата попладне по локално време, во напнат пресметка со полицијата, која уапси неколку лица и употреби солзавец, вклучително и против новинари, објавија новинарите на AFP.

Најмалку три автомобила се запалени, а уште два беа демолирани додека демонстрантите се движеа низ ограничената зона во центарот на Лос Анџелес.

Поголемиот дел од протестите завршија, објавија новинарите на AFP, но безбедносните сили и неколку десетици демонстранти, од кои многумина носеа маски и качулки, се судрија во неделата навечер.

Полициската управа на Лос Анџелес соопшти дека безбедносните сили уапсиле најмалку 56 лица во дводневните протести и дека тројца полицајци се полесно повредени.

Во раните попладневни часови, полициската управа на Лос Анџелес ги опколи областите околу федералните згради, спречувајќи каков и да е контакт меѓу демонстрантите и војниците на Националната гарда во камуфлажни униформи, објавија новинарите на AFP на местото на настанот.

Доналд Трамп, кој распореди 2.000 војници на Националната гарда за справување со насилните демонстранти, вети во неделата „враќање на редот“ и додаде дека не ја исклучил можноста за испраќање безбедносни сили во други делови од САД доколку е потребно.

„Ова не се демонстранти, тие се хулигани и бунтовници“, објави Трамп на својот профил на Truth Social во неделата, осудувајќи ги „бунтовите во тек“.

Гувернерите од редовите на Демократската партија ја осудија „алармантната злоупотреба на моќ“ откако Трамп „еднострано“ нареди распоредување на единциите, и покрај спротивните советите на локалните власти и гувернерот на сојузната држава Калифорнија, демократот Гевин Њусом.

„Немавме проблем сè додека Трамп не се вмеша“, тврди Њусом во објавата на X во неделата, осудувајќи го „сериозниот напад на суверенитетот на сојузната држава“ Калифорнија.

Нарекувајќи ја „инвазијата од криминалци од странство“ на САД , американскиот претседател ја направи борбата против нелегалната имиграција приоритет и ги засилува апсењата и депортациите на нелегалните мигранти.

globe

Слични новости

Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади  

Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади  

Иран и Израел во текот на ноќта продолжија да разменуваат напади со ракети и дронови, при што најмалку 10 луѓе загинаа во Израел кога иранските ракети ја пробија противвоздушната одбрана на северниот и централниот дел од земјата.

Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота

Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота

Полициските службеници во Минесота го идентификуваа осоммничениот за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како Венс Лутер Батлер, а потерата по него продолжува, јавуваат американските медиуми.