Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто што ги воведе претходно оваа недела, што е најнов пресврт во брзо менувачката трговска политика што ги потресе финансиските пазари и деловните лидери.

Ослободувањето, кое истекува на 2. април, ги вклучува и двата најголеми трговски партнери на САД и се однесува на стоки опфатени со одредбите на Северноамериканскиот трговски договор.

Трамп претходно спомена продолжување на рокот само за Мексико, но изменетата царинска наредба ја вклучува и Канада.

Со извршната урадба на Трамп се ослободуваат од царини широк спектар на стоки кои доаѓаат во САД од Мексико и Канада.

„Изземањето се однесува на стоките според Северноамериканскиот договор за слободна трговија постигнат за време на првиот мандат на Трамп и ќе трае до 2. април, кога Трамп планира уште една рунда царини за стоки од голем број земји“, јави NBC News.

Околу половина од стоките што доаѓаат во САД од Мексико спаѓаат под изземањето, а околу 38 отсто од стоките од Канада ќе се квалификуваат, рече висок претставник на администрацијата.

globe

Слични новости

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада ќе им воведе на САД царини во вредност од 29,8 милијарди канадски долари почнувајќи од четврток наутро како одговор на царините што ги воведе Вашингтон за челик и алуминиум, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк