Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги зголемува царинските тарифи за Канада за 10 проценти во знак на одмазда поради антицаринската реклама спонзорирана од владата во Онтарио, што внесе дополнителни тензии во трговските односи меѓу двете земји.

Соопштението објавено на социјалната мрежа на Трамп, уследи по неколкудневни јавни расправи поради таа реклама, во која се алудира на поддршка на пораншниот американски претседател Роналд Реган на слободната трговија, што го предизвика гневот на Трамп, пренесува „Гардијан“.

„Поради сериозно погрешното толкување на фактите и непријателскиот чин, ги зголемувамцарините на Канада за 10 насто во однос на царините што ги плаќаат во моментов“ напиша Трамп на социјалната мрежа.

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена