Американскиот претседател Доналд Трамп ги заостри условите на потенцијалниот договор за окончување на војната со Иран и му испрати променет предлог на Техеран за разгледување, изјавија службеници на американската администрација за „Њујорк Тајмс“.
Според наводите на две официјални лица од кабинетот на Трамп, амриканскиот претседател изразил загиженост поради делови од договорот со кој се одмрзнуваат иранските средства.
„Аксиос“, повикувајќи се на извори во Белата куќа, известува дека Трамп сака договорот да биде постигнат што поскоро, но и натаму инсистира на дополнително зајакнување на клучните одредби од договорот, особено на оние што се однесуваат на иранската нуклеарна програма.
Официјален Техеран сеуште го нема одобрено конелниот текст на договорот. Според договорот, САД и Иран би ја прекинале воената кампања против Иран во замена за укинување на иранската блокада на Ормутскиот теснец.
Договорот предвидува и рок од 60 дена за преговори за нуклеарните обврски на Иран и можното ублажување на американските санкции.
Слични новости
Иран: Заканите на Трамп со блокада се бесмислени и смешни
Командантот на иранската морнарица контраадмиралот Шахрам Ирани ги отфрли како „крајно бесмислени и смешни“ најновите закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе поморска блокада на Ормутскиот теснец.
САД најавија блокада на иранските пристаништа
Од денеска САД ќе воведат блокада на иранските пристаништа со цел да се спречи движењето на бродови по клучната рута за транспорт на нафта и гас, објави претседателот Доналд Трамп. Тој најави „целосна блокада“ на Ормуска Теснина по неуспешните мировни преговори со Иран.
Тиса на Петар Маѓар убедлив победник на изборите во Унгарија, Орбан падна по 16 години на власт
На вчерашните избори во Унгарија опозициската партија Тиса на Петар Маѓар е спектакуларен победник, откако според првичните резутати на изборната комисија освои дури 138 места од 199-те места во парламентот и самата ќе има двотретинско мнозинство.


