Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да почека „неколку дена“ за одговорот на Иран на најновиот предлог од Вашингтон, насочен кон завршување на војната, но предупреди дека ситуацијата може брзо да ескалира доколку Техеран не даде „соодветни одговори“.

„Верувајте ми, ако не ги добиеме вистинските одговори, сè може да се забрза. Сите сме подготвени“, изјави Трамп.

Претходно, Трамп изјави дека САД би можеле да спроведат нови напади врз Иран доколку преговорите пропаднат.

Ги погодивме многу силно. Можеби ќе треба да ги погодиме уште посилно, но можеби и не“, рече тој, повторувајќи го ставот на неговата администрација за иранската нуклеарна програма.

„Нема да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Тоа е многу едноставно“, додаде Трамп.

Овие изјави доаѓаат веднаш по соопштението на иранското Министерство за надворешни работи дека Техеран разгледува нов американски предлог, кој наводно бил доставен преку пакистански посредници.

Слични новости

Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера

Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера

Министерството за внатрешни работи, пак, одговори дека сè уште се вршат вештачења, а се извршени и службени разговори со вработени во кабинетот. Според сознанија на Телма, службеникот за кого се води постапката е отстранет од работното место додека трае истрагата.