Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека својата воена мисија во Иран ќе ја заврши „многу бргу“, дека до сега се постигнати убедливи победи, но дека САД ќе удрат „исклучително силно“ врз Иран во наредните две до три недели.

Во обраќањето до нацијата од Белата куќа Трамп порача дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат и постројките за нафта, доколку не биде постигнат договор со иранските лидери.

„Ќе ги удриме многу силно во наредните две до три недели. Ќе ги вратиме во каменото доба, каде што им е местото“ рече Трамп.

Тој рече и дека промената на режимот во Иран не била американска цел, но до неа дошло, затоа што сите претходните лидери се мртви, а новата група водачи е многу поразумна.

Трамп рече и дека без оваа интервенција во Иран„најнасилниот и најсуровиот режим во светот ќе беше слободен да ги спроведува своите кампањи на терор, принуда, освојувања и масовни убиства зад нуклеарен штит“.

Околу грижата за поскапувањето на енергентите поради затварањето на Ормутскиот теснец, Трамп порача дека кога војната ќе заврши, теснецот природно ќе се отвори и цените на енергентите ќе се стабилизираат.

Слични новости

Русија ја блокираше платформата Вотсап

Русија ја блокираше платформата Вотсап

Руската служба за надзор на комуникациите и медиумите Роскомнадзор го острани Востап од ДНС серверите, со што е оневозможено користењето на оваа апликација во земјата.

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.