Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека својата воена мисија во Иран ќе ја заврши „многу бргу“, дека до сега се постигнати убедливи победи, но дека САД ќе удрат „исклучително силно“ врз Иран во наредните две до три недели.

Во обраќањето до нацијата од Белата куќа Трамп порача дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат и постројките за нафта, доколку не биде постигнат договор со иранските лидери.

„Ќе ги удриме многу силно во наредните две до три недели. Ќе ги вратиме во каменото доба, каде што им е местото“ рече Трамп.

Тој рече и дека промената на режимот во Иран не била американска цел, но до неа дошло, затоа што сите претходните лидери се мртви, а новата група водачи е многу поразумна.

Трамп рече и дека без оваа интервенција во Иран„најнасилниот и најсуровиот режим во светот ќе беше слободен да ги спроведува своите кампањи на терор, принуда, освојувања и масовни убиства зад нуклеарен штит“.

Околу грижата за поскапувањето на енергентите поради затварањето на Ормутскиот теснец, Трамп порача дека кога војната ќе заврши, теснецот природно ќе се отвори и цените на енергентите ќе се стабилизираат.

Слични новости

Необично исчезнување на израелскиот премиер Нетанјаху од јавноста

Необично исчезнување на израелскиот премиер Нетанјаху од јавноста

Медиумите на хебрејски јазик почнаа да шпекулираат за можна повреда или убиство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Повод за овие шпекулации е фактот што Нетанјаху веќе три дена не се појавува на социјалните мрежи

Трамп: Ќе го удриме Иран 20 пати посилно

Трамп: Ќе го удриме Иран 20 пати посилно

Доколку Иран направи нешто што ќе го запре протокот на нафта низ Ормускиот Проток, тие ќе бидат погодени од САД дваесет пати посилно отколку што беа погодени досега, се закани Трамп