Војната во Иран ќе „заврши брзо“, кажа претседателот на САД Доналд Трамп кој изјави дека повеќето луѓе ја „разбираат“ неговата цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран.
Изјавите на Трамп доѓаат откако Иран соопшти дека американскиот предлог за завршување на војната „сè уште се разгледува“.
Американскиот весник „Аксиос“ , објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би можел да постави рамка за подетални нуклеарни преговори.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи рече дека Техеран ќе ги сподели своите ставови за американскиот предлог со пакистанските медијатори.
Слични новости
Пентагон предупредува на можност од војна во САД
Новата национална одбранбена стратегија на САД предупредува дека идните судири би можеле да се водат не само надвор од границите на САД, туку и директно на американска почва, пренесе Фокс њуз.
САД денеска и формално се повлекоа од Париската климатска спогодба
Америка денеска и формално се повлече од Париската климатска спогодба, клучната меѓународна рамка за борба против глобалното затоплување.
Фон дер Лајен: Две милијарди луѓе под ист покрив
Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека договорот меѓу Индија и Европската Унија за слободна трговија е најголемиот договор меѓу Њу Делхи и Брисел до сега.


