Војната во Иран ќе „заврши брзо“,  кажа претседателот на САД Доналд Трамп кој изјави дека повеќето луѓе ја „разбираат“ неговата цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран.

Изјавите на Трамп доѓаат откако  Иран соопшти дека американскиот предлог за завршување на војната „сè уште се разгледува“.

Американскиот весник „Аксиос“ , објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би можел да постави рамка за подетални нуклеарни преговори.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи рече дека Техеран ќе ги сподели своите ставови за американскиот предлог со пакистанските медијатори.

 

Слични новости

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.