Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот вети дека ќе воведе „реципрочни царини“ за да ја врати „праведноста“ во трговските односи меѓу Соединетите држави и остатокот од светот.

„Ако ни воведат царина или данок, ние им наметнуваме исто ниво на царни или данок, толку е едноставно“, рече Доналд Трамп во Белата куќа пред средбата со индискиот премиер Нарендра Моди.

На пример, Индија воведува тарифи од 25 отсто за американските автомобили, што би значело дека САД би можеле да го направат истото за индиските возила.

Новиот министер за трговија Хауард Лутник рече дека Трамп ќе го спроведе својот план до почетокот на април.

Од почетокот на неговиот втор мандат, американскиот претседател веќе воведе дополнителни царини од 10 отсто за кинеските производи, на што Пекинг одговори со целни дополнителни давачки за американските производи.

Вашингтон, исто така, се очекува наскоро да воведе царини од 25 отсто за челик и алуминиум што влегуваат во САД.

Претседателот призна дека цените „може да се зголемат на краток рок“ за американските домаќинства, но тој процени дека тие на крајот ќе паднат. Според него, целата земја ќе има корист од овие царински бариери наменети за подобра заштита на националната индустрија од конкуренција и намалување на трговскиот дефицит на земјата.

globe

Слични новости

Политико: Португалија се откажа од купување авиони Ф-35 заради политиката на Трамп

Политико: Португалија се откажа од купување авиони Ф-35 заради политиката на Трамп

Португалија реши да не ги заменува своите борбени авиони Ф-16 со модерните Ф-35 модели затоа што ситуацијата со претседателот на САД Доналд Трамп доведе до несигурност во врска со односите на Америка и нејзините сојузници

Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд

Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд

Министерот за надворешни работи на Данска Ларс Локе Расмунсен изјави дека Гренланд не може да биде анектиран од никого, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд од Америка.