Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека израелски напад врз Иран „може да се случи“, но дека не би го нарекол неизбежен и дека би претпочитал да избегне воен конфликт со Техеран и да преговара за мирно решение на нуклеарниот спор.
Коментарите на Трамп дојдоа откако нуклеарната агенција на Обединетите нации (МААЕ) го обвини Иран за кршење на своите обврски за неширење на нуклеарно оружје, а Техеран објави дека ќе преземе контрамерки откако „пријателска земја“ го предупреди за потенцијален израелски напад.
Американските и иранските претставници ќе одржат шеста рунда разговори во Оман во недела, велат американските и оманските претставници.

Уште кон крајот на мај беше објавено дека американските разузнавачки информации сугерираат дека Израел се подготвува да изврши напад врз нуклеарните постројки на Иран, но американски функционер вели дека нема докази дека Израел донел конечна одлука.
„Не сакам да кажам дека е неизбежно, но се чини дека може да се случи многу лесно“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека на Иран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.
„Би сакал да избегнам конфликт. Иран ќе мора да преговара, што значи дека ќе мора да ни отстапи нешто што во моментов не го сака“, додаде тој.
Трамп се закани дека ќе го бомбардира Иран ако нуклеарните разговори не доведат до договор и рече дека има сè помалку доверба дека Техеран ќе се согласи да престане да збогатува ураниум.
Исламската Република порачува дека збогатувањето ураниум, како што тврди Техеран за цивилни цели, е негово суверено право и бара укинување на американските санкции на кои се приклучија сојузниците на Вашингтон еднострано повторно воведени во 2018 година кога Трамп ги повлече САД од сеопфатниот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили од 2015 година во Виена. По воведувањето на санкциите, Иран постепено ги суспендираше своите обврски од договорот, вклучително и за количеството и степенот на збогатен ураниум.
Слични новости
Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа
Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили продолжуваат да го напаѓаат Иран и дека операцијата тукушто започна. Израел ноќеска отпочна напад врз Иран, наведувајќи дека се гаѓани нуклеарни објекти, фабрики за балистички проектили, воени команданти и физичари, чија цел е да се спречи Техеран да развие нуклеарно вооружување.
Трамп: Се надевам дека Иран ќе се врати на преговарачката маса по нападите
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба и дека САД се надеваат дека властите во Техеран ќе се вратат на преговарачката маса.
Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации
Владата на Иран соопшти дека израелскиот напад врз оваа земја во кој има голем број на загинати докажува дека „нелегитимниот режим во Ерусалим“ не се придржува до никакви меѓународни правила и закони.