Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „смешен“ предлогот на Европската унија Канада да стане нејзина придружна членка и се закани со воведување на „многу сериозни царини“ или намалување на трговијата со ЕУ.
Трамп го нарече потегот на Брисел „можен непријателски чин“ наведувајќи дека САД ќе воведат високи тарифи за Европа доколку процени дека намерата на предлогот е лоша, пренесува Гардијан.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера го повика канадскиот премиер Марк Карни Канада да стане прва „придружна членка на ЕУ“, со предлог за поблиска соработка во областите на технологијата, одбраната и енергетиката.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.
Силата на новата десница
Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.
