Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека бара од Министерството за правда да ги истражи наводните врски на починатиот финансиер Џефри Епштајн со инвестициската банка „JPMorgan“ и неколку истакнати демократи, вклучувајќи го и поранешниот претседател Бил Клинтон.
Барањето на Трамп дојде откако американскиот конгресен комитет предводен од демократите објави илјадници документи со намера да покренат нови прашања за односот на американскиот претседател со осудениот сексуален престапник.
Покрај Клинтон, кој често се дружел со починатиот финансиер на почетокот на 2000-те, Трамп рече дека побарал од Министерството за правда да ги истражи поранешниот министер за финансии Лари Самерс и Рид Хофман, основач на социјалната платформа LinkedIn, кој е исто така истакнат донатор на Демократската партија.
„Епштајн беше демократ и тој е проблем на демократите, а не проблем на републиканците. Тие знаат сè за него, не губете го времето на Трамп. Имам земја да водам!“, напиша Трамп на социјалните медиуми.
Министерството за правда не одговорило веднаш на барањата за коментар, ниту, пак, од банката „JPMorgan“. Агенцијата Reuters наведува дека не можела да контактира со другите лица именувани од Трамп.
Аферата со Епштајн го прогонува Трамп со месеци, вознемирувајќи го дури и неговите политички поддржувачи, кои веруваат дека владата ги прикрила врските на Епштајн со богатите и моќните личности од американскиот политички естаблишмент и се невообичаено критични кон Министерството за правда за тоа што не објави повеќе информации за злосторства на Епштајн.
Иако девет од десет републиканци велат дека генерално го одобруваат начинот на кој Трамп ги води Соединетите држави, само четворица од десетмина велат дека го одобруваат начинот на кој тој се справува со ситуацијата со Епштајн, според анкетата на Ipsos/Reuters спроведена во октомври.
Трамп непоколебливо и упорно негира дека знаел за трговијата со луѓе на Епштајн за сексуална експлоатација. Претходно рече дека тој и Епштајн, кој изврши мистериозно самоубиство во исклучително обезбедуваниот затвор на Менхетен во 2019 година во моменто кога не работеле надзорните камери, некогаш биле пријатели пред да го прекинат пријателството.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


