Претседателот на Америка Доналд Трамп денеска изјави дека на телевизиските мрежи кои не го емитуваа неговиот говор за безбедноста на изборите во Америка треба да им се одземат дозволите за емитување програма.
Трамп ги критикуваше телевизиите Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си, и Ен-Би Си поради нивната одлука да не емитуваат директен пренос на неговиот говор, во кој тврдеше дека Кина незаконски пристапила до податоците за милиони американски гласови во рамките на поширокото настојување да влијае врз изборите во САД во 2018 и 2020 година.
Тој рече дека поради таа „измама“ на телевизиите треба да им бидат одземени лиценците. Телевизиските мрежи во САД не се обврзани да ги емитуваат во живо претседателските ображања, а поранешните претседатели на САД такви обраќање имаа ретко во случаи на национална криза.
Слични новости
САД со нови напади врз Иран
Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.


