Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и руските претставници ќе се сретнат подоцна во петокот во Минхен, како и дека е повикана и Украина.
„Тие утре имаат состанок во Минхен. Русија ќе биде таму со нашите луѓе. Инаку, Украина исто така е повикана. Не сум сигурен кој ќе биде таму од која и да е земја, но луѓе на високо ниво од Русија, Украина и Соединетите држави”, им рече Трамп на новинарите.
На прашањето за дополнителни детали, Белата куќа одби да коментира. Светските политички и воени лидери викендов се среќаваат во Германија на годишната Минхенска безбедносна конференција.

Киев не очекува разговори со руската страна во петок во Минхен и верува дека на САД, Европската унија и Украина им е потребен заеднички став пред разговорите со Москва, изјави советникот за комуникации на претседателот Володимир Зеленски.
„Во Минхен не се очекуваат разговори со Русите“, изјави украинскиот советник за комуникации Дмитро Литвин.
Руската амбасада во Вашингтон и нејзината мисија во Обединетите нации во Њујорк не одговорија веднаш на барањата на Reuters за коментар за изјавите на Трамп.
Трамп подоцна во четвртокот ноќта по средноевропско време изјави: „Утре има состанок во Минхен, а потоа следната седмица, состанок во Саудиска Арабија, не со мене или со претседателот (на Русија, Владимир) Путин, туку со највисоките претставници. И Украина, исто така, ќе биде дел од тоа“.
Слични новости
Повеќе стотици илјади луѓе на протести во Белград
Како што јавуваат српските медиуми цел Белград е закрчен од луѓе, а во градот нема јавен превоз поради безбедносни причини од 09 часот изутрината.
Администрацијата на Трамп разгледува забрана за патување во САД за граѓани на голем број земји
Иницијативата за забрана за влез во САД е дел од иницијативата на Трамп за заострување на имиграциската политика на САД.
Тензично во Белград пред големиот студентски протест закажан за 16 часот
Синоќа од разни правци на Србија пристигнуваа студенти кои беа пречекани од Белграѓани кои ги дочекаа на Теразије. Се проценува дека излегоа над 30.000 граѓани да ги дочекаат студентите