Во септември 2020 Доналд Трамп издејствува потпишување на мировни спогодби во Белата куќа меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Спогодбите беа наречени „Аврамски“, но може и да се дефинираат како спогодби за заобиколување на волјата на палестинскиот народ. Намерата не беше да се воспостави мир меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин, кои никогаш не биле во војна, туку да се создаде нова реалност на Блискиот исток, каде што би било потиснато на маргините палестинското прашање.
Четирите и пол години кои минаа оттогаш беа најкрвавите во историјата на палестинско-израелскиот конфликт. Половина година по потпишувањето на спогодбите, со настаните од мај 2021 кругот на насилства меѓу Израелците и Палестинците се прошири на целиот простор меѓу Јордан и морето, вклучувајќи ги и областите внатре во зелената линија, за прв по 1948. Насилството го достигна врвот во 2022 и 2023 на Западниот брег и во Израел.

Тогаш се случи 7 октомври, кога на сите им стана јасно дека игнорирањето на палестинското прашање и исто како и игнорирањето на линијата на раздвојување на автопат. Во двата случаи исходот е фатален судар.
Сега Трамп има нов план. Ако не може да ги заобиколиме Палестинците, ајде да ги протераме. Во првата фаза тој предлага да се протераат сите Палестинци кои живеат во Газа.
„Слушнав дека Газа не е добро решение за нив и затоа би било подобро да заминат во некоја друга земја“, рече Трамп.
Неговиот предлог засега се однесува само на Газа, иако лесно може да се прошири и на Палестинците на Западниот брег. Следни на ред може да дојдат Источен Ерусалим и Назарет.
Но, кои се шансите за реализација на овој предлог. Мала е веројатноста над два милиони Палестинци кои одбраа да живеат во бегалските капмпови во изминатите 75 години за да не ја напуштат нивната татковина, сега да си заминат. Шансата земјите како Јордан и Египет да се согласат да примат палестински бегалци, исто така е многу мала. Идејата САД кои се повлекоа од Иран и Авганистан да ја преземат контролата врз Газа, се чини уште поневеројатна.
Но, целиот план е полош, од збирката на неговите делови. „Ова е предлог кој може да го преобликува Блискиот исток и да донесе траен мир“, изјави Нетанјаху. Но, видовме на 7 октомври што се случува кога ќе „се преобликува Блискиот исток“ додека се игнорираат Палестинците. Планот за „ривиера во Газа“ би можел да доведе до настани кои 7 октомври би го претвориле во еднократен случај.
Дури и да не биде реализиран овој план, тој веќе длабоко влијаеше врз политичкиот дискурс на еврејското општество. Речиси сите политички партии во Израел како едвај да дочекоа посакуваното протерување на Палестинците да добие печат „Made in America“.
Овој токсичен настан долго ќе се движи низ крвотокот на израелското општество. Чувството дека на денешен Израел му се укажува историска шанса да ја испразни Газа од палестинското население ќе ги засили барањата на Смотрич и Бен Гвир за прекин на примирјето во Газа, окупација на Газа и потиснување на Палестинците вон земјата. Генералштабт на армијата веќе објави дека планот на Трамп е одлична идеја.
Ова значи дека планот на Трамп засекогаш ќе биде во дискурсот на еврејската политика и ќе биде пречка за секоја ционистичка партија која би се залагала за спогодба со Палестинците. Еврејската јавност секогаш ќе ја бира опцијата за празнење на земјата од Палестинците. Секоја спогодба и примирје, ќе бидат интерпретирани како привремен застој до реализација на главната цел.
Пораката за Палестинците е јасна. Со државата Израел и со американското решение не може да има никаков компромис, затоа што Израел е одлучен да го уништи палестинскиот народ. Тоа не значи дека Палестинците веднаш ќе тргнат во оружен бунт, иако и тоа е можно, но ќе доведе до тоа ниеден палестински лидер кој се залага за компромис со Израел да не може да добие политички легитимитет за такво нешто.
Има уште лоши последици. Идејата на Трамп бара од Египет, Саудиска Арабија, Јордан и другите држави да примат стотици илјади Палестинци. Таквото барање е директна закана за режимите во арапскиот свет. Јордан се плаши дека прилив на Палестинци во нивната држава ќе значи и крај за државата, откако ќе се промени деликатната демографска рамнотежа во земјата.

Дури и најумерените режими на Блискиот исток ќе дојдат до уверување дека од компромисот нема никаква полза. Извори во Аман јавуваат дека Јордан е подготвен да му објави војна на Израел ако Нетанјаху се обиде да му наметне прилив на Палестинци.
Се ќе зависи од отпорот на планот на Трамп. Не само од Палестинците, туку и од Евреите во Израел. Агресивните потези на Трамп и обидот на Израел да ги следи може да доведат до насилни реакции. Тоа ќе биде лошо за сите.
Мекомит, израелски весник
Слични новости
Експертите за климата прогласија дека е „мртва“ целта од два степени
Ограничувањето на долгорочното глобално затоплување на два степени Целзиусови, што е алтернативна цел на Парискиот договор за климата, во меѓувреме стана невозможно, сметаат водечки експерти за климата
Европските челници ги предупредија САД за договор за Украина „зад нивниот грб“
Европските челници во четвртокот го предупредија Вашингтон против украинскиот мировен договор со Русија зад нивниот грб, додека се обидуваат да обезбедат место на преговарачката маса откако американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин и најави почеток на преговорите
ЕУ со прописите за резервите ги крева цените на гасот, трговците калкулираат
Европската унија западна во замката со регулативите за залихите на гас, што предизвика скок на цените и пресметките на трговците пред летната сезона за полнење на складиштата