Кошаркарот на Мемфис Брендов Кларк почина во 29-тата година од животот, соопшти НБА клубот Мемфис Гризлис. Причината за неговата смрт не е објавена.

Мемфис во соопштението напиша дека Кларк беше исклучителен соиграч и уште подобра личност чие влијание врз организацијата и заедницата на мемфис нема никогаш да бидат заборавени.

Кларк беше избран во првата рунда на драфтот 2019 од Оклахома, но две недели подоцна беше трејдуван во Мемфис каде што ја помина целата кариера.

Во октомври 2022 тој потпиша нов четиригодишен договор со Мемфис вреден 52 милиони долари.

Слични новости

Убедлива победа на Њујорк против Филаделфија во првото полуфинале на Истокот

Убедлива победа на Њујорк против Филаделфија во првото полуфинале на Истокот

Кошаркарите на Њујорк поведоа со 1:0 против Филаделфија во полуфиналето на Источната конференција, откако на домашен терен победија со 137:98. Њујорк Никс беа предводени од Џејлен Бронсон кој постигна 35 коша на натпреварот, од кои дури 27 во првото полувреме.