Кошаркарот на Мемфис Брендов Кларк почина во 29-тата година од животот, соопшти НБА клубот Мемфис Гризлис. Причината за неговата смрт не е објавена.

Мемфис во соопштението напиша дека Кларк беше исклучителен соиграч и уште подобра личност чие влијание врз организацијата и заедницата на мемфис нема никогаш да бидат заборавени.

Кларк беше избран во првата рунда на драфтот 2019 од Оклахома, но две недели подоцна беше трејдуван во Мемфис каде што ја помина целата кариера.

Во октомври 2022 тој потпиша нов четиригодишен договор со Мемфис вреден 52 милиони долари.

Слични новости

Минесота направи брејк и поведе со 1:0 во полуфиналето со Сан Антонио и покрај рекордните 12 блокади на Вембенјама

Минесота направи брејк и поведе со 1:0 во полуфиналето со Сан Антонио и покрај рекордните 12 блокади на Вембенјама

Кошаркарите на Минесота на гстински терен го победија Сан Антонио со 104:102 во првиот меќ од полуфиналето во западната конференција. Најдобар кај Минесота беше Џулиус Рендл со 21 кош и 10 скокови, Ентони Едвардс постигна 18, а Џејден Мекданиелс и Теренс Шенон постигнаа по 16.