Трабзонспор ги отвори преговорите за ангажирање на уругвајскиот репрезентативец Дарвин Нуњез кој во моментов е член на саудискиот клуб Ал Хилал.
Според наводите на турските медиуми Трабзонспор стапил во контакт со Ал Хилал и преговара за едногодишна позајмица за Нуњез за 8 милиони евра.
Посебен дел од преговорите пртаставува платата на Нуњез која изнесува дури 22 милиони евра годишно, при што Трабзонспор би плаќал 8 милиона, а другите средства би паѓале на товар на Ал Хилал.
Една од причините за заинтересираноста на Нуњез да дојде во Турција е можноста повторно да игра со Мохамед Салах, со кого играше заедно во Ливерпул.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
