Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски кажа дека се истражуваат причините за пожарот во дискотеката, дека има приведено лица за случајот.

Одете надвор! Одете надвор, па ќе се вратиме, им велеше Панчо од ДНК на публиката откако се појавија првите пламени од синоќешниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа и повеќе од 50 лица. На снимката се гледа како над рефлекторите се шири линијата на огнот.
На концертот присуствувале 1.500 лица.
Слични новости
Завршена истрагата за пожарот во Кочани, велат од Обвинителството, опфатени се вкупно 46 осомничени за тешки дела против општата сигурност
Основното јавно обвинителство Кочани ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, информираат од Јавното обвинителство
Божиновска-Акенженов: Има потенцијал за соработка во енергетиката со Казахстан, особено во развојот на хидрогенот
Двајцата министри се согласиле дека постои реален потенцијал за продлабочување на соработката меѓу двете држави во областа на енергетиката. Биле идентификувани конкретни можности за размена на знаења и техничка експертиза, особено во однос на развојот на хидроген како енергент на иднината – област во која Казахстан веќе има активни и напредни проекти
Вработување на 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период во рамки на Оперативниот план за 2025.
Во пресрет на летната сезона и зголемената опасност од пожари, Владата го усвои Оперативниот план за вработување за 2025 година, кој предвидува...