Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски кажа дека се истражуваат причините за пожарот во дискотеката, дека има приведено лица за случајот.

Имајте разбирање, во овој момент најбитно е да ги утврдиме сите факти и дејствија., Да изразиме сочувство до најблиските на загинатите и повредените“,  рече министерот.

 

Откако се запали и кровната конструкција настанува вистинска паника. Првите резултати од истрагата покажуваат дека несоодветната употреба на пиротехника го предизвика пожарот.

Одете надвор! Одете надвор, па ќе се вратиме, им велеше Панчо од ДНК на публиката откако се појавија првите пламени од синоќешниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа и повеќе од 50 лица. На снимката се гледа како над рефлекторите се шири линијата на огнот.

На концертот присуствувале 1.500 лица.

globe

Слични новости

Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана.