Во полициска акција што во неделата утрото била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Појасни дека се постапувало по наредба од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција во делот на приведување четири лица.

Постапено е, истакна Тошковски, и по наредба на судија на претходна постапка и извршени се претреси на повеќе локации. Според него, постојат основани сомненија и МВР поднело кривична пријава.
„Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели“, рече Тошковски.
Во текот на денов лицата кои се македонски државјани, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и ќе следат соодветни постапки.
„Кривичното дело за кое е поднесена пријава е терористичка организација, а во однос на мотивите имаме основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи“, подвлече Тошковски.
Слични новости
Одржана редовна седница на Извршниот одбор на НБ за монетарната политика
На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, коишто и натаму постојат и се нагласени
Треба да се поврзуваме, само така ќе бидеме во оптиката на поголемите држави, порача Мицкоски од ГП „Маркова нога“
По повеќе од 50 години денеска почнаа градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница
Судење Палевски: Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се исплатат пари
Второобвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Велибор Манев во средата пред судот изјави дека Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањето на Жежовски и дека го убил пукајќи му во слепоочница