Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и корупција.

„Во овој случај имаат име и презиме тие кои што се вклучени во нелегалното издавање на лиценци и ќе одговараат за тоа„, рече Тошковски.

 

Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница. Четири лица моментално се обезбедни во болница. Два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое што ја менаџирало дискотеката.

„Дел од приведените лица коишто моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, согласно досега собраните докази. Приведено е едно лице, кое што е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека еден од оние кои што имаат директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата“, изјави Тошковски.

Дел од приведените во Кочани, посочи Тошковски, се луѓе кои се организатори на настанот, дел вклучени во обезбедување и други активности кои се случувале вечерта.

Разговор од полициски службеници во Скопје, според Тошковски, извршен е со над 25 очевидци на настанот и континуирано ќе се продолжи со прибирање на докази.

globe

Слични новости

Филипче: Никој не смее да биде поштеден, од нас зависи како ќе излеземе од сето ова

Филипче: Никој не смее да биде поштеден, од нас зависи како ќе излеземе од сето ова

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска побара целосна, транспарентна и објективна истрага за причините за несреќата во Кочани за враќање на, како што рече, срозаната доверба на граѓаните во институциите на државата.

Оддадена почит од студенти и професори на УКИМ, Книга на жалост пред Правниот факултет

Оддадена почит од студенти и професори на УКИМ, Книга на жалост пред Правниот факултет

Стотици студенти денеска се собраа на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје каде одржаа заеднички час за да оддадат почит на 59-те лица кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.