Владата има намера целосно да забрани употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Службите во рамки на МВР се задолжени да изготват документација со која би се направиле измени на легислативата што го уредува тоа прашање. Тоа денеска пред медиумите го посочи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Одговарајќи на прашања на новинарите, Тошковски истакна дека веднаш со почетокот на истрагата во врска со несреќата во дискотеката во Кочани службите во рамки на Министерството биле задолжени да изнајдат начин за забрана за употреба на такви пиротехнички средства во затворен простор.

Според она што го рече тој, посточеката легислатива што го уредува тоа прашање датира некаде од 60-те години на минатиот век така што, како што посочи, ќе се оди на донесување целосно нов закон.

Поради потребата од итност во уредувањето на тоа прашање, тој рече дека до донесувањето нов закон решение ќе се бара со измени на членови од постоечката легислатива.

– Во иднина ќе следи обновување со нов закон. Целокупниот законски текст поврзан со предметниот закон е при крај, но сега поради потребата од итност ќе се оди на директни измени на одредени членови на постоечкиот закон, дали ќе оди тоа праку Влада или преку некој пратеник во Собранието. Службите работат на предлог-законските измени и истите најбрзо што е можно ќе бидат ставени во процедсра. Интенција е на Владата да не се дозволи никогаш повеќе такви пиротехнички средства да бидат употребувани во затворен простор, рече Тошовски.

globe

Слични новости

Фич: Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и кредитниот рејтинг на земјата

Фич: Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и кредитниот рејтинг на земјата

Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја. Ова се посочува во најновиот извештај на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“

Муцунски: Активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство

Муцунски: Активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство

-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за здравство и СОЗР активно работат на реализација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои успешно го завршуваат болничкото лекување во странство, рече Муцунски, додавајќи дека Министерството за здравство како надлежна институција изготвило детален медицински протокол со цел процесот да се спроведе навремено, безбедно и во најдобар интерес на пациентите и нивните семејства.