Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази задоволство од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“, истакнувајќи дека граѓаните значително ја намалиле брзината на возење, а бројот на сообраќајни незгоди е во опаѓање. Како што нагласи, единствената цел на проектот е спасување човечки животи.
„Тест периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Горд сум што македонските граѓани покажаа дека и во тест период кога ќе се вметне едно решение, граѓаните сфатија и го забавија возењето во рамки на главниот град. Граѓаните покажаа дека можат поинаку и дека сега се вистински Европјани. Намалени се бројките на сообраќајки на територија на Град Скопје, а особено на тешки телесни повреди и смртни последици“, изјави Тошковски одговарајќи на новинарско прашање по отворање на реконструираната полициска станица во Бутел.
Нагласи дека почитувањето на ограничувањата на брзината е клучно за намалување на тешките последици во сообраќајот, посочувајќи ја и глобалната статистика.
„Ако ја земеме глобалната статистика, при возење со 60 километри на час скоро и да нема преживеано лице, односно од 10 повредени лица при сообраќајка сите починале, сторување кривично дело при возење од 50 километри на час од 10 поврдени преживеале само двајца и со брзина на возење од 30 километри на час од 10, преживеале 8 луѓе, рече Тошковски.
Проблемите со кои возачите се соочуваат, откако се вклучија камерите на проектот „Безбеден град“ во тест периодот до 1 февруари, како што рече министерот, ќе можат да се пријавуваат на пункт или на интернет страница. Тој најави дека во склоп на управните служби на МВР (кои се во МТВ), ќе се отвори пункт за пријавување на сите грешки од системот со кои граѓаните се соочиле. Освен физички, возачите ќе можат наскоро неправилностите да ги пријават и на интернет страница, а министерот најави и мобилна апликација за известување од нелогичности на „Безбеден град“.
Тошкоски рече дека се работи на остранување на сите неправилности и оти од 1 февруари возачите свесно ќе придонесат за безбедноста во сообраќајот.
Проектот „Безбеден град“, според надлежните, има за цел долгорочно да придонесе кон побезбеден сообраќај и намалување на сообраќајните несреќи низ државата.
Слични новости
ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ во врска со мигрантите
ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и од ЗНАМ подготви и поднесе Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, составена од девет точки со која еднаш засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигранти, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Пратениците утре ќе гласаат за разрешување на Коцевски
На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите
СДСМ поднесе пријава во Антикорупциска за потеклото на парите на Ивица Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска), околу случајот на „Сити Аутсорсинг“


