Постапено е по насока на надлежен јавен обвинител, цениме дека сме во премногу рана фаза за да навлегуваме во детали, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со истрагата во Судскиот совет.

Станува збор за постапување на МВР по наредба на јавен обвинител.

„По добиени информации од МВР каде постојат индиции за одредени незаконитости, а по донесена наредба од јавен обвинител, е постапено од страна на МВР“, истакна министерот.

На прашањето од кого е допрениот глас, дали од свиркач или од премиерот, Тошковски одговори дека со тоа не е запознаен.

globe

Слични новости