На покана на израелската компанија Elbit Systems, која е наш долгогодишен партнер во унапредувањето на техничките системи и безбедносните капацитети на Министерството за внатрешни работи, особено во рамки на проектот „Безбеден град“, деновиве престојувам во Израел, објави на својата Фејсбук страница министерот за внатрешни работи на Република Македонија Панче Тошковски.

Оваа посета претставува значајна можност за размена на искуства и запознавање со најновите технолошки решенија што ги развива Elbit за справување со модерните безбедносни предизвици. Посебен фокус беше ставен на иновациите во заштитата на границите, урбаната безбедност и борбата против тероризмот, како и можностите за интеграција на напредни технологии во безбедносниот систем на нашата земја.

 

Дополнително, го посетив Полицискиот контролен центар во Тел Авив, каде што се запознав со функционирањето на нивниот интегриран безбедносен систем. Центарот користи напредни алатки и автоматизирани процеси за брза реакција на безбедносни инциденти, што е одличен пример за ефикасно управување со јавната безбедност и превенција на криминалот.

Во рамки на посетата, остварив средба и со првиот човек на израелската полиција, г. Рафаел Енгел, генерален директор во израелското Министерство за национална безбедност, со кого разговаравме за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и размената на добри практики во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Изразив искрено сочувство за жртвите од терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година, како и поддршка во сите напори за враќање на заложниците кои сè уште не се вратени во своите домови.

На средбата беше истакнато дека Македонија и Израел се две пријателски земји со заедничка посветеност на безбедноста и стабилноста, кои преку размена на знаење, искуства и технолошки решенија можат уште повеќе да ги унапредат своите безбедносни капацитети. Справувањето со терористичките закани и јакнењето на меѓународната соработка беа меѓу клучните теми на разговор, со акцент на потребата за превентивни стратегии и современи технолошки решенија кои обезбедуваат брза и ефикасна реакција во заштитата на граѓаните.

Оваа посета претставува уште еден чекор кон зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста, како и доказ за нашата заложба за модернизација на безбедносните структури преку соработка со светски лидери во оваа област, пишува во својата објава министерот Тошковски.

globe

Слични новости

Мирче Ѓоргоски нов командант на Командата за операции, најголемата оперативна команда во АРМ

Мирче Ѓоргоски нов командант на Командата за операции, најголемата оперативна команда во АРМ

Врз основа на Укази на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, должноста командант на КО од бригаден генерал Бесник Емини ја прими бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење и дигитализацијата на образованието

Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење и дигитализацијата на образованието

Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе му помагаат на Министерството за образование и наука во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието, за што денеска Меморандум за соработка потпишаа министерката Весна Јаневска и деканот на ФИНКИ Боро Јакимовски

Филков од Љубљана: Сега е моментот кога ЕУ мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан

Филков од Љубљана: Сега е моментот кога ЕУ мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан

Пред нас е важен период кога мораме да покажеме политичка волја, лидерство и посветеност за спроведување на сите овие реформи. Европската Унија и нејзините институции треба да продолжат да ја поддржуваат оваа амбиција, да покажат лидерство во решавањето на билатералните и регионалните проблеми, и да ја продолжат својата поддршка на патот на интеграцијата на Западниот Балкан, истакна министерот за правда Игор Филков