Раководството на Тотенхем е незадоволно од резултатите и играта и размислува за промена на тренерската клупа, објавија британските медиуми.

По 16 кола, „Спарс“ се на 11-то место во Премиер лигата. Освен лошите резултати, данскиот тренер Томас Франк, кој го презеде клубот во јули, е најмногу критикуван за тоа што не воспостави препознатлив стил на игра. Исто така, раководството смета дека нема напредок во играта на Тотенхем.

Британските медиуми објавуваат дека раководството на „Спарс“ проценува дека поранешниот играч и тренер на Барселона, Чави Ернандез (45), би бил одлично решение. Во нивна корист е фактот дека играчката легенда на Барселона моментално е без работа.

По завршувањето на играчката кариера, Чави Ернандез почна да тренира во катарскиот Ал-Сад, а од ноември 2021 до јуни 2024 година ја водеше Барселона.

Управата на Спарс верува дека Чави Ернандез, со своето играчко и тренерско искуство, би бил долгорочно решение, односно дека би можел да создаде работна атмосфера што би резултирала со атрактивна игра и борба за првите места во Премиер лигата и во европските куп натпреварувања. Тие исто така веруваат дека играчите кои моментално играат под очекувањата би можеле повторно да играат во најдобра форма под водство на шпанскиот тренер.

globe

Слични новости

Паоло Дибала се враќа во Аргентина

Паоло Дибала се враќа во Аргентина

Најзаинтересирана за Дубала е Бока јуниорс, а и самиот Дибала сака да игра за славниот клуб на еден од најпознатите стадиони во светот „Бонбоњера“.

Јокиќ повторно лидер во победата на Денвер

Јокиќ повторно лидер во победата на Денвер

Во Сакраменто, домашните Кингс беа убедливо поразени од Денвер Нагетс со резултат од 136:105. Гостите ги предводеше српскиот центар Никола Јокиќ со 36 поени, 12 скока и осум асистенции