Во дербито од 25. коло на англискиот фудбалски шампионат, Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот.
Ова е втора последователна победа на Спарс по седум кола без славје. Од друга страна, Јунајтед го претрпе вториот пораз во низа, а трет во последните четири кола.
Тотенхем сега е 12-ти со 30 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на 15-та позиција со 29 бодови.

Во првиот натпревар во неделата, Ливерпул го победи Вулверхемптон со 2:1, и ја врати предност од седум бодови од второпласираниот Арсенал.
„Црвените“ поведоа во 15. минута со голот на Луис Дијаз, а на 2:0 зголеми Мохамед Салах од пенал во 37. минута. Матеус Куња повлече еден во 67. минута и ги врати гостите во живот. Сепак, до крајот на натпреварот немаше повеќе голови.
Ливерпул води со 60 бодови, Арсенал има 53, а Нотингем Форест е трет со 47 бодови.
Вулверхемптон е на 17. позиција со 19 бода, два повеќе од зоната за испаѓање.
Слични новости
Кари прв во НБА до 4.000 „тројки“
Голден Стејт Вориорс на домашен терен во Сан Франциско ги совладаа Сакраменто со 130:104 и го забележаа шестиот последователен триумф
Конференциска лига: Фиорентина, Челзи и Бетис во четвртфиналето
Екипите на Челзи, Фиорентина и Бетис се пласираа во четвртфиналето на фудбалската Конференциска лига, победувајќи ги противниците во реванш натпреварите
Лига Европа: Манчестер Јунајтед го исфрли Сосиедад, Тотенхем подобар од АЗ
Англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Тотенхем и францускиот Лион последни се пласираа во четвртфиналето на Лига Европа