Во дербито од 25. коло на англискиот фудбалски шампионат, Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот.

Ова е втора последователна победа на Спарс по седум кола без славје. Од друга страна, Јунајтед го претрпе вториот пораз во низа, а трет во последните четири кола.

Тотенхем сега е 12-ти со 30 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на 15-та позиција со 29 бодови.

Во првиот натпревар во неделата, Ливерпул го победи Вулверхемптон со 2:1, и ја врати предност од седум бодови од второпласираниот Арсенал.

„Црвените“ поведоа во 15. минута со голот на Луис Дијаз, а на 2:0 зголеми Мохамед Салах од пенал во 37. минута. Матеус Куња повлече еден во 67. минута и ги врати гостите во живот. Сепак, до крајот на натпреварот немаше повеќе голови.

Ливерпул води со 60 бодови, Арсенал има 53, а Нотингем Форест е трет со 47 бодови.

Вулверхемптон е на 17. позиција со 19 бода, два повеќе од зоната за испаѓање.

globe

Слични новости

Ф1: Норис најбрз во Мелбурн

Ф1: Норис најбрз во Мелбурн

Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во Формула 1 возена во Мелбурн, Австралија.