Во дербито од 25. коло на англискиот фудбалски шампионат, Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот.
Ова е втора последователна победа на Спарс по седум кола без славје. Од друга страна, Јунајтед го претрпе вториот пораз во низа, а трет во последните четири кола.
Тотенхем сега е 12-ти со 30 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на 15-та позиција со 29 бодови.

Во првиот натпревар во неделата, Ливерпул го победи Вулверхемптон со 2:1, и ја врати предност од седум бодови од второпласираниот Арсенал.
„Црвените“ поведоа во 15. минута со голот на Луис Дијаз, а на 2:0 зголеми Мохамед Салах од пенал во 37. минута. Матеус Куња повлече еден во 67. минута и ги врати гостите во живот. Сепак, до крајот на натпреварот немаше повеќе голови.
Ливерпул води со 60 бодови, Арсенал има 53, а Нотингем Форест е трет со 47 бодови.
Вулверхемптон е на 17. позиција со 19 бода, два повеќе од зоната за испаѓање.
Слични новости
Сабаленка и Андреева во финалето на Индијан Велс
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка и Русинката Мира Андреева ќе играат во финалето на мастерсот во Индијан Велс. Сабаленка, неочекувано лесно, за само 52 минути ја декласираше Американката Медисон Киз со резилтат 2 :0 ( 6:0, 6:1).
Ф1: Шест дебитанти во новата сезона
Новата сезона во Формула 1 започнува овој викенд во Австралија, со шест возачи, со различен степен на искуство, кои се натпреваруваат во нивната прва целосна сезона во Ф1
Амбициозните планови на Арсенал
Лондонски Арсенал има намера во летниот преоден рок да го ангажира крилото на Баерн, Лерој Сане (29), кој ќе биде слободен играч бидејќи неговиот договор со баварскиот клуб истекува во јуни, објавија во петокот британските медиуми