Во дербито од 25. коло на англискиот фудбалски шампионат, Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот.
Ова е втора последователна победа на Спарс по седум кола без славје. Од друга страна, Јунајтед го претрпе вториот пораз во низа, а трет во последните четири кола.
Тотенхем сега е 12-ти со 30 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на 15-та позиција со 29 бодови.

Во првиот натпревар во неделата, Ливерпул го победи Вулверхемптон со 2:1, и ја врати предност од седум бодови од второпласираниот Арсенал.
„Црвените“ поведоа во 15. минута со голот на Луис Дијаз, а на 2:0 зголеми Мохамед Салах од пенал во 37. минута. Матеус Куња повлече еден во 67. минута и ги врати гостите во живот. Сепак, до крајот на натпреварот немаше повеќе голови.
Ливерпул води со 60 бодови, Арсенал има 53, а Нотингем Форест е трет со 47 бодови.
Вулверхемптон е на 17. позиција со 19 бода, два повеќе од зоната за испаѓање.
Слични новости
Четвртфинале на Лигата на нации: Шпанија игра на гости со Холандија, а Италија на Сан Сиро ја дочекува Германија
Шпанија е фаворит во четвртфиналето, но нема да има лесна задача против силната Холандија која лани играше во полуфиналето на европското првенство.
Лејкерси со победата врз Денвер утринава го презедоа третото место на западот
Во тимот на Лејкерс најефикасен беше Лука Дончиќ со 31 кош, а Остин Ривс постигна 22. Кај Денвер најдобар поединец беше Арон Гордон со 26 коша и 11 скокови.
Лаутаро Мартинез не игра за Аргентина
Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, објави во средата аргентинската федерација