Во дербито од 25. коло на англискиот фудбалски шампионат, Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот.
Ова е втора последователна победа на Спарс по седум кола без славје. Од друга страна, Јунајтед го претрпе вториот пораз во низа, а трет во последните четири кола.
Тотенхем сега е 12-ти со 30 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на 15-та позиција со 29 бодови.

Во првиот натпревар во неделата, Ливерпул го победи Вулверхемптон со 2:1, и ја врати предност од седум бодови од второпласираниот Арсенал.
„Црвените“ поведоа во 15. минута со голот на Луис Дијаз, а на 2:0 зголеми Мохамед Салах од пенал во 37. минута. Матеус Куња повлече еден во 67. минута и ги врати гостите во живот. Сепак, до крајот на натпреварот немаше повеќе голови.
Ливерпул води со 60 бодови, Арсенал има 53, а Нотингем Форест е трет со 47 бодови.
Вулверхемптон е на 17. позиција со 19 бода, два повеќе од зоната за испаѓање.
Слични новости
Денвер Нагетс без Јокиќ и Мари ги победија Голден Стејт
Во дербито на западната конференција Денвер Нагетс на гости неочекувано ги победија Голден Стејт Вориорс со 114:105. Голден Стејт беа огромни фаворити затоа што Денвер настапија без тројца играчи од првата петорка поради повреди: Никола Јокиќ, Џамал, Мари и Кристијан Браун.
Денвер победи кај Голден Стејт без Јокиќ
И покрај тоа што играа без двајцата најдобри играчи – Никола Јокиќ поради повреда на лактот и Џамал Мареј поради повреда на скочниот зглоб, Денвер Нагетс на гостински терен ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 114:105
Незадоволство од враќањето на Куртоа во репрезентацијата
Белгискиот голман Тибо Куртоа се приклучи на националниот тим првпат по 22 месеци, завршувајќи го својот самонаметнат „егзил“ со враќање кое наиде на критики од поранешните интернационалци