Во дербито од 25. коло на англискиот фудбалски шампионат, Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот.

Ова е втора последователна победа на Спарс по седум кола без славје. Од друга страна, Јунајтед го претрпе вториот пораз во низа, а трет во последните четири кола.

Тотенхем сега е 12-ти со 30 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на 15-та позиција со 29 бодови.

Во првиот натпревар во неделата, Ливерпул го победи Вулверхемптон со 2:1, и ја врати предност од седум бодови од второпласираниот Арсенал.

„Црвените“ поведоа во 15. минута со голот на Луис Дијаз, а на 2:0 зголеми Мохамед Салах од пенал во 37. минута. Матеус Куња повлече еден во 67. минута и ги врати гостите во живот. Сепак, до крајот на натпреварот немаше повеќе голови.

Ливерпул води со 60 бодови, Арсенал има 53, а Нотингем Форест е трет со 47 бодови.

Вулверхемптон е на 17. позиција со 19 бода, два повеќе од зоната за испаѓање.

globe

Слични новости

Усик мора да ја брани титулата против Паркер

Усик мора да ја брани титулата против Паркер

Апсолутниот светски шампион во бокс, Украинецот Олександр Усик ќе мора да ја одбрани титулата против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер, објави Светската боксерска организација (ВБО)